Детска атлетика

Детска атлетика во текот на целата година! Добредојдени се сите деца кои сакаат да спортуваат и да се забавуваат. На овој начин, сигурно придонесуваме децата да се насочат кон убава иднина, да бидат здрави и среќни. Најголемо богатство што може да им го подариме на децата е да ги научиме на здрав живот колку може порано. Повелете на нашите тренинзи за детска атлетика каде преку забава и дружење ќе ги научиме децата да уживаат во трчањето, скокањето и фрлањето како основни елементи на секој спорт!

Информации за детската атлетика:

  • пополнета пријава за членство;
  • децата треба да имаат најмалку околу 5 години за да бидат дел од детската атлетика;
  • лекарско уверение од матичен доктор или спортска медицина;
  • тренинзите се одвиваат 3 пати во седмицата најчесто на кејот на Вардар во Скопје, пред хотел Парк, до градскиот стадион. По договор можни се и други локации (градски стадион,парк, тартан патека итн…) Во зимските месеци има тренинзи и на затворено.
  • Месечната членарина изнесува 1000 денари, со можност за попуст и гратис маички за децата. Првиот тренинг е бесплатен. Ако сакате да учествувате само на еден тренинг цената е 200 денари. Ако уписот е до 15-ти во месецот се плаќа целиот износ на членарината, а после 15-ти во месецот се плаќа пола од износот на членарината за тековниот месец и секој нареден месец се плаќа целиот износ.

Контакт:

тел: 078 402 665

email: k_ajanovski@yahoo.com

Кокан Ајановски