За AKKA Run Club

Љубители на трчањето чија цел е рекреативно или професионално да трчаат и да го прифатат здравиот начин како дел од својот живот. Долгорочната цел ќе биде секоја година во школата да се вклучуваат нови заинтересирани кандидати и со тоа да се зголеми бројот на луѓе кои што ќе учествуваат на трките во Македонија и надвор од нашата држава и ќе трчаат рекреативно или професионално. Освен водењето на почетници во трчањето, целта на оваа школа ќе биде и формирање и водење на напредни групи кои ќе осигураат добри резултати и долгорочно бавење со рекреативното или професионално трчање.

Сите членови на АККА Run Club добиваат:

– 3 групни тренинзи неделно со времетраење од 90мин. (околу 12 месечно). Тренинзите ќе бидат на кејот на Вардар (на скалите пред хотел Парк, до граскиот стадион во Скопје) и освен трчање ќе има и вежбање, техника на трчање итн. Повремени промени во локацијата (Градски парк, Водно, Гази Баба, тренинзи во затворено, итн.), учество на клубски трки…

– Индивидуална програма за трчање. Оние кои не можат да дојдат во термините за тренинг, програмата ќе ја добиваат преку порака на социјални мрежи, вибер, смс, телефон…итн.

– Индивидуална програма за исхрана со претходна wellness анализа и мерење на потребните параметри.

– Континуирана поддршка околу трчање, исхрана, мотивација, здрав начин на живот.

– Групни или он лајн едукации на различни теми кои го опфаќаат трчањето и активниот начин на живот (тренинзи, опрема и обувки, заштита од повреди, исхрана, мотивација, дисциплина,инспирација, учество на трки, итн.)

– Бенефиции од спонзори ( попусти, промоции, акции,котизации, итн.)

– Заеднички патувања, тим билдинг активности, дружби и забави, итн.

– Друго

Цена: 1200 денари/ месечно. Плаќање најдоцна до 10-ти од тековниот месец.

Инструктор и промотор на AKKA Run Club e Кокан Ајановски, маратонец, државен првак на Македонија во повеќе дисциплини (полумаратон, 10.000 м , 5.000 м., планинско и крос кантри трчање) и репрезентативец на Македонија.

n3