Често поставувани прашања

1) Кога започнува Школата за трчање?

Школата за трчање започна на 17 март 2014. Бидејќи NIKE Школата за трчање трае преку целата година и никогаш нема да престане со својата активност, во секој момент може да се приклучат нови кандидати кои веќе имаат некое искуство со трчањето ( да трчаат 2-3 пати неделно по 20 -30 минути), а може и тотални аматери-почетници, т.е луѓе кои воопшто не трчале.

2) Кога се тренинзите и колку траат?

Тренинзите се одржуваат 2 до 3 пати неделно. Термините се приспособени согласно на членовите во соодветната група. Тренинзите траат од 45 до 90 минути.

3) Како да се пријавам?

За да се пријавите во NIKE Школата за трчање потребно е да ги оставите вашите податоци (телефон, е-пошта) и веднаш ќе ве контактираме – Зачлени се!

4) Кој може да трча во NIKE Школата за трчање?

NIKE Школата за трчање е добредојдено за сите кои се полнолетни. Често луѓето се плашат и мислат дека се престари, дека имаат вишок на килограми, дека ”не се за трчање”… Единствено што е неопходно е тие да бидат здрави и да им е здравствено дозволено да можат да се занимаваат со трчање.

5) Каква опрема треба да имам за време на тренинзите?

Во трчањето од опрема, најважен дел се патиките, по можност тие да бидат за трчање. Останатиот дел ( хеланки, шорц, дрес, тренерки, маички) се во втор план и секогаш треба да се прилагодат соодветно на моменталните услови за трчање, односно согласно на годишното време.

6) Мора ли на крајот да учествувам на трки и маратони?

Не. Целта на Школата за трчање е да ве научи на основите во трчањето и соодветните правила, за да може во иднина и сами доколку посакате да се бавите со трчање. Трчањето на трки е во друг план. Сите членови во NIKE Школата за трчање ќе имаат знаење како да трчаат трки од 3.000 метри до полумаратон. Секој сам си одлучува дали ќе трча на трки или не. Исто така, во оваа школа се пријавуваат и оние кои сакаат да го истрчат својот прв полумаратон или да си го подобрат своето најдобро истрчано време на одредена трка. Овие кандидати се водени по посебен програм специјално подготвен за таа намена.

7) Колку чини NIKE Школата за трчање и што добивам?

Бесплатно.

Добивате:

  • стручно водени тренинзи
  • предавање за трчање
  • тренирање во група
  • дружење
  • награди од спонзорите
  • едукација за исхрана и здрав и активен начин на живот
  • школа која никогаш не престанува

8) Имам дополнителни прашања во врска со Школата.

За сите дополнителни прашања може да го контактирате Кокан Ајановски