Често поставувани прашања

1) Кога започнa со функционирање овој клуб?

17 март 2014. Бидејќи AKKA Run Club трае преку целата година и никогаш нема да престане со својата активност, во секој момент може да се приклучат нови кандидати кои веќе имаат некое искуство со трчањето ( да трчаат 2-3 пати неделно по 20 -30 минути), а може и тотални аматери-почетници, т.е луѓе кои воопшто не трчале.

2) Кога се тренинзите и колку траат?

Тренинзите се одржуваат 3 пати неделно. Термините се приспособени согласно на членовите во соодветната група. Тренинзите траат околу 90 минути.

3) Како да се пријавам?

За да се пријавите во AKKA Run Club потребно е да ги оставите вашите податоци (телефон, е-пошта…) и веднаш ќе ве контактираме – Зачлени се!

4) Кој може да трча во AKKA Run Club?

Во AKKA Run Club се добредојдени сите заинтересирани кандидати,независно дали се деца, тинејџери или возрасни. Често луѓето се плашат и мислат дека се престари, дека имаат вишок на килограми, дека ”не се за трчање”… Единствено што е неопходно е тие да бидат здрави и да им е здравствено дозволено да можат да се занимаваат со трчање.

5) Каква опрема треба да имам за време на тренинзите?

Во трчањето од опрема, најважен дел се патиките, по можност тие да бидат за трчање. Останатиот дел ( хеланки, шорц, дрес, тренерки, маички) се во втор план и секогаш треба да се прилагодат соодветно на моменталните услови за трчање, односно согласно на годишното време.

6) Мора ли на крајот да учествувам на трки и маратони?

Не. Целта на AKKA Run Club е да ве научи на основите во трчањето и соодветните правила, за да може во иднина и сами доколку посакате да се бавите со трчање. Трчањето на трки е во друг план. Сите членови во AKKA Run Club ќе добијат знаење како да трчаат на трки и како трчањето да биде секојдневие. Секој сам си одлучува дали ќе трча на трки или не. Исто така, во оваа школа се пријавуваат и оние кои сакаат да го истрчат својот прв (полу)маратон или да си го подобрат своето најдобро истрчано време на одредена трка. Овие кандидати се водени по посебен програм специјално подготвен за таа намена.

7) Колку е членството во AKKA Run Club и што добивам?

Цена: 1200 денари/ месечно. Плаќање најдоцна до 10-ти од тековниот месец.

Добивате:

3 групни тренинзи неделно (околу 12 месечно) со времетраење од 90 минути. Тренинзите ќе бидат на кејот на Вардар (на скалите пред хотел Парк, до граскиот стадион во Скопје) и освен трчање ќе има и вежбање, техника на трчање итн. Повремени промени во локацијата (Градски парк, Водно, Гази Баба, тренинзи во затворено, итн.), учество на клубски трки…

– Индивидуална програма за трчање. Оние кои не можат да дојдат во термините за тренинг, програмата ќе ја добиваат преку порака на социјални мрежи, вибер, смс, телефон…итн.

– Индивидуална програма за исхрана со претходна wellness анализа и мерење на потребните параметри.

– Континуирана поддршка околу трчање, исхрана, мотивација, здрав начин на живот.

– Групни или он лајн едукации на различни теми кои го опфаќаат трчањето и активниот начин на живот (тренинзи, опрема и обувки, заштита од повреди, исхрана, мотивација, дисциплина,инспирација, учество на трки, итн.)

– Бенефиции од спонзори ( попусти, промоции, акции,котизации, итн.)

– Заеднички патувања, тим билдинг активности, дружби и забави, итн.

– Друго

8) Имам дополнителни прашања

За сите дополнителни прашања може да го контактирате Кокан Ајановски на телефон: 078 402 665 или e-mail: k_ajanovski@yahoo.com